Во Беровско 62 лица со самоизилација, ниту еден со симптоми на коронавирус

На територијата на општина Берово во моментот има 62 лица, кои се во самоизолација и засега, ниту едно од лицата нема пројавено некакви симптоми на вирусот. Ова на денешната прес конференција го истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој во апел до граѓаните истакна сериозно да се сфати оваа здравствена благосостојба, со што и понатаму граѓаните на Берово ќе ги почитуваат мерките на Владата на РСМ, за спречување на појавата на зараза од КОВИД-19.

-Сакам да ја информирам јавноста дека според релевантен извор на стручната епидемолошка служба, на територијата на општина Берово, нема ниту едно лице, позитивно на КОВИД-19. Бројката од 62 лица кои се во самоизолација денес поради истекување на важноста на мерката се очекува да се намали, додека останатите благодарение на почитување на препораките немаат симптоми на коронавирус, рече Пекевски.

Работата на институциите, во интерес на јавното здравје, како што додаде ќе продолжи и во периодот што следи.

-Посебно апелирам, до лицата со одредени хронични заболувања кои се во поголем ризик од компликации да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот. Исто така, во овие тешки моменти, многу е важно, да не се создава непотребна паника и да не се шират непотврдени и неверодостојни информации, кои влијаат врз менталното здравје на населението и создаваат чувство на несигурност, страв, паника, непотребно и дополнително, рече Пекевски на денешната прес-конференција.

Додаде дека општината ќе продолжи со мерките за сузбивање на евентуалната појава од КОВИД-19 со редовни дезинфекции како на јавните установи така и на улиците во градот Берово и селските средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот