Во Берово во 2020 година се исплатени 260 илјади денари како поддршка за семејствата со новороденчиња

unsplash
Во Берово во 2020 година се исплатени 260 илјади денари, како поддршка за семејствата со новороденчиња. Билјана Каламадевска од Општина Берово, информираше дека оваа сума е еднакво распределена на семејствата кои минатата година добиле новороденче.
Од минатата година, од општинскиот буџет за секое новородено дете, чии родители се жители на oпштина Берово, се издвојуваат по 5 илјади денари. Овие 260 илјади денари рамномерно се распоредени на вкупно 52 семејства кои добиле новороденче во изминатата година, истакна Каламадевска.
 
Во меѓувреме, како што додаде градоначалникот Звонко Пекевски, Oпштината ги доделила предвидените 15 илјади денари за првото новороденче во 2021 година.
-Првороденото бебе во 2021 година во општина Берово е машко и е прва рожба на семејството Белчовски. Во таа насока одржавме средба со среќниот татко, на кој му го доделивме решението за исплата на  10 илјади денари  како финансиска поддршка од буџетот на Oпштината за првородено дете во годината и 5000 денари за новородено дете, додаде Пекевски.
Тој упати силна порака за младите брачни парови, на кои им порача 2021 година да биде година во која во значителна мера ќе се зголеми наталитетот на општина Берово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот