Во Берлин се гради „Куќа на еден”, објект во кој ќе има црква, џамија и синагога

epaselect epa09231135 A view of wooden model of the multi-religious 'House of One' building during its laying of the foundation stone ceremony in Berlin, Germany, 27 May 2021. The House of One is a religious building being built in Berlin. It will be the world's first house of prayer for three religions, containing a church, a mosque, and a synagogue. EPA-EFE/FILIP SINGER

Во Берлин денеска беше поставен камен-темелникот за екуменската зграда наречена „House of Оne” (Куќа на еден), во која под еден покрив ќе се наоѓаат црква, џамија и синагога.

-„Куќа на еден” во себе содржи тешка теолошка задача: без резерва да добиете различни духовни перспективи. Тоа е место на отвореност и толеранција, изјави претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, за време на денешното поставување камен-темелник во историскиот центар на Берлин.

Шојбле ја истакна потребата од дијалог меѓу религиите, а тоа, како што кажа, се покажа и преку антисемитските испади за време на анти-израелските протести во последните неколку недели.

-За жал, на тоа ние сме сведоци и во Германија.Најновиот антисемитски излив, како резултат на ескалацијата на насилството на Блискиот Исток, ја злоупотребуваат верата за политички цели, заклучи Шојбле.

куќа на еден берлин верски лидери
Верските поглавари на свечената церемонија на почетокот на изградбата на „Куќата на еден“ во Берлин/Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Проектот „Куќа на еден” настана како иницијатива на загрижени луѓе од трите вери, христијанската, еврејската и муслиманската.

Еден од иницијаторите, протестантскиот свештеник, Грегор Хохберг, ја нагласува важноста на симболиката при изградбата на оваа уникатна институција токму во ова историски значајно место во центарот на Берлин каде се наоѓа црквата „Св. Петар”, изградена во 13 век, и која, по сериозните оштетувања за време на битките за Берлин во Втората светска војна, беше урната за време на ГДР.

-На најстарата локација во Берлин, каде што стоеше неговата прва црква, сакаме заедно да погледнеме во иднината. На темелите на старата црква градиме една целосно нова зграда – „Куќа на еден”. Тоа ќе биде куќа за молитва и поука во која ќе живеат три вери: синагога, црква и џамија, сите под ист покрив, рече Хохберг.

Удрени темелите на „Куќата на еден“ во Берлин/ Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, проектот го нарече „симбол на толеранција и успешен дијалог меѓу религиите”.

Верскиот објект, во кој покрај црквата, џамијата и синагогата треба да има „заедничка просторија за состаноци” треба да биде готов до 2025 година, со проценети трошоци за изградба од 47,3 милиони евра. Досега се собрани 40 милиони евра од јавни средства и приватни донации од над 60 земји. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот