Во Берлин има итна помош за бебиња кои плачат: Клиниката им нуди помош на исцрпените родители

бебе
Фото: Pexels / Antoni Shkraba

Откако Дара Филдс објави на „Твитер“ дека во Берлин има итна служба за бебиња кои плачат, не е тешко да се види зошто многумина се љубоморни на жителите на германската престолнина.

„Во Берлин има амбуланта за бебиња кои плачат. Ако вашето бебе плаче премногу, а вие сте исцрпени, доаѓаат кај вас, ја проверуваат вашата емоционална состојба и ви даваат совети“, раскажа Филдс.

Покрај во Германија, услугата „Schreibaby Ambulance“, што во превод значи „Клиника за бебиња кои плачат“, е достапна и во Австрија, Швајцарија и Луксембург. Целта е на новите мајки да им се понуди поддршка во моментите на очај, страв и исцрпеност што тие често ги чувствуваат додека балансираат помеѓу сопственото физичко закрепнување и новороденчето што плаче.

Кога ќе пристигне брзата помош на родителите им се нуди да се дистанцираат, како и да научат нови и иновативни начини да се грижат за уникатните потреби на своето бебе.

Оваа услуга може да ја користат родители на деца до 3 години. Помош нудат и социјалните работници, наставници и психолози, кои делат совети за спиење, исхрана, однесување и се друго што може да го зголеми стресот и исцрпеноста кај родителите на малите деца.

Според Американската психолошка асоцијација, една од седум жени доживува постпородилна депресија, а студијата од јули 2022 година објавена во „Journal of Psychiatric Research“ покажува дека стапките значително се зголемиле од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Студијата од 2019 година објавена во списанието „Academic Pediatrics“ покажа дека жените кои имаат „немирни“ бебиња имаат двојно поголема веројатност да имаат умерени до тешки депресивни симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот