Во Белорусија уапсени најмалку 42 лица пред утрешните протести

Фото: EPA-EFE/STR

Белоруските власти денеска уапсија десетина лица пред најавените нови демонстрации против претседателот Александaр Лукашенко. Според невладината организација за заштита на човековите права „Весна“, полицијата денеска уапсила најмалку 42 лица во десет белоруски градови.

Полицијата изминатите дена ги уапси и лидерот на опозициската Обединета граѓанска партија Николај Козлов и претседателката на Унија на Полјаците во Белорусија, Ангелика Борис. Опозицијата најави демонстрации за утре, на Денот на слободата, кога се одбележува годишнина од прогласувањето на независноста на Белорусија во 1918 година.

Масовните антивладини протести ширум Белорусија почнаа по претседателските избори на 9 август минатата година, на кои, според официјалните резултати Лукашенко е реизбран со повеќе од 80 отсто од гласовите. Противниците на белорускиот претседател тврдат дека се работи за изборна кражба. Протестите се одржуваа до декември и покрај апсењата и репресијата врз демонстрантите.

Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја ги повика Белорусите утре да отпочнат нов бран на протести.

Властите ги забранија сите собири, а белоруското Министерство за правда денеска соопшти дека му ја одзеде лиценцата за работа на адвокатот Сиархеј Зикратски, кој ги бранеше опозициските активисти и независните новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот