Во Белград започна состанок на регионалната иницијатива за соработка „Отворен Балкан“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е домаќин на премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, не дојде во Белград, како што беше претходно планирано, бидејќи во меѓувреме најави оставка поради лошиот резултат Ж на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на локалните избори. одржани во недела на 31 октомври.
Вучиќ, Рама и Заев се иницијатори на иницијативата „Отворен Балкан“, која првично беше наречена „Мини Шенген“.

Оваа иницијатива предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу овие три земји.

Фото: Принтскрин /Танјуг.рс

Од започнувањето на иницијативата, воведено е слободно движење на граѓани со лична карта меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

Потпишан е договор за соработка во спречување и отстранување на последиците од природни непогоди, како и договори за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во земјите од Западен Балкан, како и Меморандум за разбирање и соработка за слободен пристап до пазарот на трудот.

Како дел од иницијативата, беше договорено ,од 1 јануари 2023 година. да бидат укинати граничните контроли меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија

Се планира и постепено создавање заеднички пазар за 12 милиони луѓе, колку што имаат овие три земји заедно, односно да се создаде „единствена економска зона“.

На новата рунда средби во рамките на „Отворениот Балкан“ на претседателот Александар Вучиќ со премиерот Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров ќе и претходи средба со претставници на компании од Србија, Албанија и Северна Македонија.

На состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ овојпат ќе се приклучат и претставници на невладината организација Атлантски совет.

Вучиќ синоќа , беше домаќин на работната вечера на премиерот на Албанија, Еди Рама и на вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров, со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

принтскрин Танјуг.рс

На средбата присуствуваше и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на кого му беше понудено и Црнагора да се приклучи кон оваа регионална иницијатива.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот