Во Белград утре трилатерален состанок на шефовите на дипломатијата на Србија, Грција и Кипар

Белград/ Фото: МИА

Како што соопштија од српското МНР, прво ќе се одржи билатерална средба на шефовите на дипломатија на Србија и Грција, по што Селаковиќ ќе има трилатерална средба со министрите за надворешни работи на Грција и Кипар.

Министрите за надворешни работи на Србија, Грција и Кипар, Никола Селаковиќ, Никос Дендијас и Никос Христодулидис утре во Белград ќе одржат трилатерална средба, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српското МНР, прво ќе се одржи билатерална средба на шефовите на дипломатија на Србија и Грција, по што Селаковиќ ќе има трилатерална средба со министрите за надворешни работи на Грција и Кипар.

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека и тој ќе има одвоена средба со министрите за надворешни работи на Грција и Кипар.

Како што јави претходно дописничката на МИА од Атина, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, на редовниот брифинг со новинарите информираше дека Никос Дендиас ќе отпатува за Србија каде што ќе се сретне со српскиот државен врв, вклучувајќи ги претседателот, шефот на дипломатијата, претседателот на Собранието, како и со новиот српски патријарх.

Според Папајоану, за време на посетата ќе стане збор за зајакнување на билатералната соработка, а грчката страна „ќе ја повтори целосната поддршка на европската перспектива како на Србија, така и на земјите од Западен Балкан”.

Заедно со Дендиас, за Белград ќе отпатува и заменикот МНР на Грција Костас Франкојанис за да разговара за економските односи меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот