Во Белград утре средба на Вучиќ со Палмер и Лајчак

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот што го водат Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе има средба со претседателот на Србија во четврток попладне, а по средбата со Лајчак, Вучиќ официјално ќе разговара и со Метју Палмер, со кого денеска ќе има неформална средба, соопшти РТС.

Заменик помошник државниот секретар и специјален претставник на САД за Балканот, Метју Палмер по посетата на Приштина денеска пристигнува во Белград и во текот на денот ќе има неофицијална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот што го водат Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе има средба со претседателот на Србија во четврток попладне, а по средбата со Лајчак, Вучиќ официјално ќе разговара и со Метју Палмер, со кого денеска ќе има неформална средба, соопшти РТС.

Според медиумите, по одделните средби, Вучиќ, Лајчак и Палмер ќе одржат заеднички состанок, по што не е предвидено обраќање до медиумите.

Од српската влада соопштија дека премиерка Ана Брнабиќ в четврток претпладне ќе има состанок со Метју Палмер, по што ќе биде издадено соопштение за медиумите.

Лајчак и Палмер претходните два дена ја посетија Приштина, а како што изјави Лајчак, целта на оваа посета е подготовка за првата средба на високо ниво меѓу косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Вучиќ, што ќе се одржи во Брисел за неколку дена.

Палмер во Приштина повтори дека САД силно го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина, што треба да резултира со постигнување конечен договор и меѓусебно признавање, а на заедничката прес-конференција со Мирослав Лајчак изјави дека САД не се дел од дијалог, туку партнер кој има за цел унапредување на односите меѓу двете страни.

Тој исто така кажа дека Заедницата на српски општини (ЗСО) треба да се формира во согласност со договорот меѓу Белград и Приштина.

Американската амбасада во Приштина соопшти дека Метју Палмер побарал од косовската влада и опозиција да ја спроведат и одлуката на Уставниот суд во врска со регистрација на имотот на манастирот Високи Дечани.

Продолжението на дијалогот во Брисел ќе се одржи, како што се очекува, на 15 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот