Во Белград редови и турканици со денови за ПЦР тестирање за коронавирус

Во Белград и денеска има непрегледни редови и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак”.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, најупорните граѓани пристигнуваат да ги заземат своите места уште во четири часот и 30 минути, за да бидат меѓу првите во осум часот, кога се отвораат вратите на лабораторијата, за да направат ПЦР тест.

Покрај граѓани од цела Србија кои патуваат во странство за што им е потребен овој тест, има и државјани од Северна Македонија и од Република Српска, затоа што во „Торлак” тестирањето за новиот коронавирус не се закажува, а резултатите се добиваат истиот ден.

Од Градскиот институт за јавно здравје пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР тестирања на лично барање, а закажувањето ќе започне повторно на 18 август.

Прочитајте и...  Неколку европски земји ги вратија строгите епидемилошки мерки

Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра.

Во Србија како резултат на последиците од Ковид-19 официјално починале 641 лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 28.099 случаи на заболени. На респираторите се наоѓаат 106 пациенти.

Прочитај повеќе

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска