Во Белград нема да биде воведен полициски час, но ќе бидат забранети собири

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Во понеделникот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Белград е алармантно бидејќи таму се над 80 отсто од заразените во Србија и најави можност за повторно воведување полициски час во српската престолнина.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по денешната седница на кризниот штаб, соопшти дека разговарале за враќање на некои од рестриктивните мерки кои беа во сила во април и мај, но не за цела територија на Србија, туку само во погодените области.

Во белград нема да биде воведен полициски час, туку целосна забрана за јавни собири за повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор. Сите продавници и трговски центри ќе бидат затворени од 21 до 06 часот.

Коментирајќи ги протестите од претходните две ноќи во контекст на епидемијата на коронавирус, Брнабиќ оцени дека „сигирно скапо ќе се плати за протестите кои се одржани, бидејќи луѓе веројатно се веќе заразени”.

– Да се надеваме дека мерките кои претходно ги воведовме, а тоа е задолжително носење маска, ќе почнат да даваат резултат –  истакна српската премиерка.

Во понеделникот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Белград е алармантно бидејќи таму се над 80 отсто од заразените во Србија и најави можност за повторно воведување полициски час во српската престолнина, поради што почнаа и протестите.

Сепак, Кризниот штаб оцени дека прво треба да се обидат со други рестриктивни мерки, а воведувањето полициски час да биде крајна мерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот