Во Белград нападнат лидерот на Слободните граѓани, актерот Сергеј Трифуновиќ

Трифуновиќ пак во изјава за Ал Џезаира за нападот го обвини дел од опозицијата која ги бојкотира изборите. Тој опиша што се случило.

Сергеј Трифуновиќ, познат српски актер кој влезе во политика пред неколку години и е лидер на Движењето на слободни граѓани, беше нападнат денеска во центарот на Белград.

Трифуновиќ бил нападнат додека собирал потписи за претстојните избори.

Според српски медиуми, случаен минувач му пристапил на Трифуновиќ и, по кратка расправија, го удрил по глава.

„Собиравме потписи во Кнез Михајлова и се течеше нормално. Трифуновиќ во свој стил се шегуваше со минувачите и во еден момент му пријде човеч и му викна на Сергеј: ‘Дали Вучиќ ти го купи ова’, потоа го турна и го удри со рака по глава. Трифуновиќ не му возврати и после тоа ситуацијата се смири“, изјави за Блиц извор од партијата на Трифуновиќ.

Двајца напаѓачи врз Трифуновиќ се уапсени, и неофицијално станува збор за лицата со иницијали М.Ѓ. и Ж.А.

Трифуновиќ пак во изјава за Ал Џезаира за нападот го обвини дел од опозицијата која ги бојкотира изборите. Тој опиша што се случило:

„Ми вели: ‘Кој го купи овој шатор’, на му велам ‘Вучиќ’, а тој вели: ‘Да, да, знаеме дека е Вулиќ’. Јас му реков: ‘Но Ѓилас го плати озвучувањето’… Па вели тој: ‘Немој ти на мене…’ и тогаш јас сфатив дека човекот е сериозен и му велам: ‘Поздравете ја вашата госпоѓа мајка’. Навистина, тоа е се што му реков. И следува таков удар, ја скокнувам на него, моите ме држат… И после доаѓа друг на велосипед, но тоа е човек кој веќе три дена доаѓа овде и фрла најлоши можни навреди, кој мене ми вади штрафцигер. Целиот наратив кој кон нас го упатува опозицијата која е во бојкот, дека сме платеници на Вучиќ, го прават истотот што прави и Информер на Драган Вучиќевиќ и Пинк на Жељко Митровиќ, тие цртаат мети на нашето чело и потоа доаѓа до вакви ситуации“, изјави Сергеј Трифуновиќ за Ал Џезаира.

Полицијата го привела напаѓачот кој е на 67-годишна возраст, објавија медиумите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот