Во Белград 600 бебиња добија физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина

Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт” во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК „Народен фронт” во Белград наместо вакцина против БСЖ добиле физиолошки раствор.

Груичиќ истакна дека децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период, објави РТС.

Оваа вакцина на децата се дава на возраст до 12 месеци.

Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт” и понудил оставка, но таа не била прифатена.

Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот