Во Белград 18. граѓански протест „Еден од пет милиони” - Слободен печат

Во Белград 18. граѓански протест „Еден од пет милиони”

Вечерва во Белград се одржа 18-от граѓански протест „Еден од пет милиони”, што како што и беше најавено започна пред Владата на Србија, но најавеното протестно шетање до зградата на ТВ „Пинк” не се одржа.

Пред повеќе илјади приврзаници на опозицијата, пред зградата на Владата се обрати актерот и член на Демократската странка Бранислав Лечиќ, кој барајќи отпочнување на лустрација во Србија, посочи дека таа би требало да започне од сопственикот на ТВ „Пинк” Жељко Митровиќ, најавувајќи дека шетањето до ТВ „Пинк” нема да се одржи.

– Тоа беше стапица. Никогаш повеќе нема да паднеме на такви замки, рече Лечиќ, додавајќи дека планот на власта да го прогласи Бошко Обрадовиќ за лидер на целата опозиција и дека, откако веќе го етикерираа како „фашиста” и „љотичевац”, така ќе ја дисквалификуваат целата опозиција, а потоа овој „грд јазик” да го претворат во јазик на „окупираните медиуми” со цел да се оправда употребата на насилство против учесниците на протестите за да се зачува системот.

Прочитајте и...  Баша: Оваа Влада има тенденција да го зграпчи Уставниот суд, со што прави државен удар

– Јас гласно му се смеам на Жељко Митровиќ – ха, ха, ха, ти наседна! Никогаш не сакавме да ги малтретираме луѓето да одат два часа до „Пинк”, рече Лечиќ и потсети дека за демонстрантите пред ТВ „Пинк” на Бањица веќе е организиран „пречек” со звучници, транспаренти, „платеници кои треба да предизвикаат неред” и полицајци облечени во цивилна облека.

Тој, исто така, оцени дека инцидентите пред Градското собрание завчера и вечерашниот „пречек” пред „Пинк” е со да се спречи големиот митинг на 13-ти април.

Пред ТВ „Пинк”, пред 18 часот, беа лидерите на Сојузот за Србија и положија венец со фотографијата на еден од убиените водачи на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, со пораката „Ќе дознаеме кој ти направи мета со спотот на Пинк, ветуваме”.

Прочитајте и...  Вучиќ го цитираше Шојгу: Водете сметка да не останете без Вучиќ затоа што таков нема да имате

Пред ТВ „Пинк” вечерва беа поставени столови со пијалаци, бина и звучници со бројни редари во околината.

Фото: Курир.рс

Прочитај повеќе

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Слободен печат

Баша: Оваа Влада има тенденција да го зграпчи Уставниот суд, со што прави државен удар

Слободен печат

Милановиќ при заклетвата ја парафразирал култната белградска група ЕКВ

Слободен печат

Србија со електрични и хибридни автобуси и автомобили ќе го намалува загадувањето

МИА Агенција

Косово: Укинувањето на таксата и воведувањето реципроцитет кон Србија е прашање на денови

МИА Агенција

Комшиќ: Нека не се занесуваат со уцени, Република Српска нема да добие ништо од тоа што го бара

МИА Агенција

Остави Коментар

16 − три =

Прочитај повеќе

Ердоган отвора грандиозна библиотека во Претседателската палата: Ќе работи 24/7, а полиците се долги 200 километри

Слободен печат

Ципрас: Каде се борците за Македонија сега кога Мицотакис го почитува Договорот од Преспа

МИА Агенција

Србија го поддржува интегритетот на Република Српска и нема да дозволи нејзино укинување

Слободен печат

Полицајка во Гнилане усмртила четири членови на своето семјество, па извршила самоубиство

Слободен печат

24-часовен штрајк во Атина: Синдикатите против новиот закон на владата за социјално осигурување

МИА Агенција

Турција ги ослободи сите обвинети за протестите од 2013 година во Истанбул

МИА Агенција