Во Белгородската област прогласена вонредна состојба на „федерално ниво“

Белгород / Фото EPA-EFE/GOVERNOR OF BELGOROD REGION

Во Белгородската област е прогласена вонредна состојба на „федерално ниво“, соопшти денеска рускиот министер за вонредни ситуации, Александар Куренков.

– Предлагам вонредната ситуација што се појави во регионот на Белгород да се класифицира како вонредна состојба на федерално ниво и да се воспостави федерално ниво на одговор – рече тој по денешната вонредна седница на владината Комисија за превенција и одговор во вонредни состојби.

Како што наведе, ситуацијата во регионот останува тешка и напната, пренесуваат руските медиуми.

Во нападите на украинските вооружени сили во регионот на Белгород во последните денови беа оштетени станбени згради и инфраструктура, а има загинати и повредени.

Воведувањето на режимот за вонредни состојби на федерално ниво овозможува на поедноставен начин да се донесат одлуки за распределба на материјална помош на луѓето од федералниот буџет, за финансирање активности за сместување на луѓе, за да им се обезбеди сè што им е потребно во привременото домување, како и брзо преземање акциски мерки насочени кон дополнителна заштита на граѓаните.

Во случај на федерална вонредна состојба, жртвите имаат право на финансиска помош.

Руските федерални власти на 9 август прогласија вонредна состојба и во областа Курск, по нападот на Вооружените сили на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот