Во Белгија носењето маска нема да биде задолжително

Културата, која е една од најтешко погодените области, ќе може да прима публика од 1 јули под услов да се почитуваат протоколите.

 Националниот совет за безбедност на Белгија одлучи дополнително олабавување на рестрикциите поврзани за здравствената криза, но власта потсетува дека непочитувањето на основните мерки може да доведе до повторно воведување на старите правила, јави дописничката на МИА од Брисел.

Носењето на маска нема да биде задолжително и покрај препораките на дел од експертите, иако секоја компанија или установа може да бара задолжителна маска, таков е веќе случајот со некои супермаркети и настани.

Се отвораат и базените, теретаните, театрите, парковите, кино салите, и салите за приеми, но не се дозволува присуство на повеќе од 50 лица, задолжително е почитување на здравствените протоколи, одржување дистанца и се препорачува носење на маска. Дискотеките и масовните собири остануваат забранети, а власта вети поддршка за овој сектор.

Културата, која е една од најтешко погодените области, ќе може да прима публика од 1 јули под услов да се почитуваат протоколите. Бројот на присутни не смее да надмине 200 во затворен простор, и 400 на отворено. Се отвораат и пазарите.

Конечно, националниот белгиски празник, што се одржува на 21 јули, оваа година ќе им биде посветен на жртвите на коронавирусот, а традиционалната воена парада пред кралската палата е откажана, и ќе биде заменета со уметнички настапи на повеќе локации ширум земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот