Во Белгија нема олабавување на мерките се зоглемува бројот на пациенти во болниците

Белгија ковид-19
Медицинско лице и заразен пациент со ковид-19 во Белгија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Мерките во Белгија ќе останат засилени, рече белгискиот премиер Александар Де Кро, додавајќи дека последната недела е зголемен бројот на пациенти во болниците, што според него е причина за вознемиреност.

Поради тоа, властите избраа да прогласат „недела на чекање” пред да донесат какви било одлуки за олабавување на мерките.

„Мислам дека секој од нас е свесен за фактот дека копнееме за повеќе можности и за таа слобода за која толку многу зборувавме. Ако ги олабавиме мерките сега, на несовесен и непромислен начин, тоа би имало краткорочен ефект, рече Де Кро.

Од почетокот на пандемијата во Белгија се потврдени вкупно 766.654 заразени лица и 22.034 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот