Во Барселона сигурни се само Меси, Тер Штеген и Де Јонг

фото: твитер

Шпанскиот тим има големи финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот и планира во наредниот преоден рок да не троши пари туку да прави размени.

Според телевизијата ЕСПН само тројца фудбалери се недопирливи, Лионел Меси, Марк-Андре тер Штеген и Френки де Јонг, додека сите останати можат да бидат вклучени во трансферите во летниот преоден рок.

Претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бертомеу иако најави дека екипата ќе може да си дозволи да ги купи најдобрите фудбалери на светот, сега најавува поинаква стратегија.

Нема да има голем обрт на пари за време на преодниот рок. Причината е пандемијата на коронавирусот, но верувам дека ќе видиме многу повеќе размени на играчи – истакна Бартомеу.

Каталонскиот клуб веќе договори два трансфери кои ќе бидат реализирани на лето, Франциско Тринкао доаѓа од Брага за 30 милиони евра, додека ангажманот на Педри од Лас Палмас изнесува пет милиони евра.

За летниот преоден рок, управата на Барселона означи две имиња како приоритет, Нејмар и Лаутаро Мартинез. Но поради финанисиските проблеми Барселона нема да може да ги плати и двајцата фудбалери и ќе се обиде преку размени да дојде до трансфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот