Во Бари запленети 900 килограми марихуана прошверцувани од Албанија

Италијанска полиција/ Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Во близина на италијанскиот пристанишен град Бари, запленети се околу 900 килограми марихуана и хашиш, прошверцувани од Албанија, пренесува Ора њуз, повикувајќи се на италијанските власти.

Под наслов „Карантинот не го спречува шверцот на дрога” телевизијата додава дека се запленети 646 килограми марихуана и 250 килограми хашиш.

Во акција спроведена ноќта меѓу понеделникот и вторникот и тоа од море и воздух од страна на Гуарда ди финанца како и италијанската армија,упасени се и двајца италијански државјани.

Запленетата дрога била натоварена во два моторни чамци кои биле запрени на брегот кај Менопол. Била покувана во пакети со тежина од 2,5 до 10 килограми, со поставеи симболи во различна боја зависно од видот на дрогата, местото на производство и подарачјето во Италија,каде требало за заврши.

Според италијанските власти запленетата дрога на пазарот би достигнала вредност од околу 10 милиони евра.

Дел од медиумите наведуваат дека од неодамна реактивирана е и недозволената трговија со луѓе од албанскиот кон италијанскиот брег.

Деновиве пресретнат е чамец во кој илегално се превезувале 33 имигранти, главно од земјите на Средниот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот