Во Бангладеш уапсени трговци со луѓе

Полициски службеници на Бангладеш / Фото: Архива

По убиството на 26 бангладешки работници во Либија минатиот месец, властите во Бангладеш уапсија најмалку 19 осомничени за трговија со луѓе.

Од вчера, шест лица се уапсени во главниот град на Бангладеш, Дака, а голем број апсења се извршени и во другите делови на земјата.

Во еден либиски град зафатен со вооружени судири, членовите на семејството на убиен трговец со луѓе минатиот месец извршија напад врз група мигранти кои се обидоа илегално да стигнат до Европа, при што убија 26 Бангладежани и четворица мигранти од Африка.

Либиските власти соопштија дека уште 11 државјани на Бангладеш се повредени во нападот на 28 мај. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот