Во Баерн полудеа на својот голман

Најдобриот германски голман, Мануел Ноер, предизвика вистинска бура во Баерн Минхен пред стартот на подготовките за следната сезона. Имено, менаџерот на Ноер, изјави дека голманот размислува за заминување бидејќи екипата не е конкурентна во Лигата на шампионите.

– Баерн не е доволно конкурентен да ги оствари целите на Мануел Ноер. Баерн веќе сега заостанува зад најсилните англиски екипи и останувањето во екипата и потпис на нов договор не е единствена опција – изјави Томас Крут, менаџерот на голманот.

Оваа реакција предизвика бура од негодувања кај соиграчите и как управата која веднаш го повика голманот на разговор.

„Во клубот се лути, сметаат дека тоа е скандалозен потег и сакаат да знаат зашто Ноер прво не им се обрати на нив, туку излезе во јавност“, открива весникот „Билд“.

Според весникот но и неколку минхенски медиуми, дел од соиграчите веќе го контактирале Ноер и побарале објаснување за неговата изјава. Тие сметаат дека тој е одличен голман, но многу лош лидер на екипата.

И дел од легендите на баварскиот тим го осудија однесувањето на голманот кој е капитен на екипата .
– Такво однесување е неприфатливо за фудбалери на Баерн Минхен. Како капитен на екипата, Ноер, доколку е незадиволен од трансфер политиката, мораше прво да разговара со клубот. Вратите секогаш му се отворени за разговор со Хенес или Румениге – вели поранешниот каптен на Баерн, Лотар Матеус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот