Во Баерн не се загрижени: Левандовски останува на „Алијанц“ и следната сезона

Левандовски и „намигна“ на Барселона/ фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан најави дека Роберт Левандовски и наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот шампион.

Кан се огласи во јавноста по зачестените шпекулации дека Левандовски се наоѓа пред договор со Барселона и само прашање на време е кога одличниот напаѓач ќе се пресели на „Камп Ноу“.

– Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен до 2023 година и ќе го одработи до крај – изјави Кан кој додаде дека на Полјакот му е понуден нов договор.

И спортскиот директор на баварците, Хасан Салихамиџиќ, порача дека Левандовски ќе остане на „Алијанц“ арената и следната сезона.

– Нема да ги разгледуваме понудите за Роберт. Го почитуваме Левандовски, но Баерн секогаш бил коректен кон него – рече Салихамиџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот