По британскиот и јужноафриканскиот сој на тлото на Австрија најверојатно се појави и бразилскиот сој на коронавирусот. Во покраината Салцбург детално се анализира еден примерок за кој постои сомнеж дека е коронавирус од бразилскиот сој.
Австрија за да спречи ширење на новите соеви на вирусот претходно воведе контрола на излез од покраината Тирол. Ваква забрана кон Тирол воведе и соседна Германија, а беше дозволен излез само со негативен ПЦР тест.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц беше критикуван за воведување на овие мерки за заштита.