Во Австрија се намалува бројот на заштитни маски со појавата на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Веројатноста за зараза со коронавирус во Австрија моментално е мала, но 10.000 луѓе се болни од грип.

Поради појавата на коронавирусот во Кина и ширењето на инфекцијата во Европа, во аптеките во Австрија има се помалку заштитни маски.

– Од појавата на коронавирусот потребата за заштитни маски драстично се зголеми и трговците на големо веќе немаат во своите магацини, потврдија за медиумите две аптеки во Грац.

Министерот за здравство на Австрија Рудолф Аншобер, ги повика граѓаните со зголемен ризик да се вакцинираат против грип и соопшти дека сака да ја зголеми стапката на вакцинирање од грип во Австрија која моментално е под 10 проценти.

Веројатноста за зараза со коронавирус во Австрија моментално е мала, но 10.000 луѓе се болни од грип.

– Вистинскиот грип во моментов е многу поблизу до нас и е поопасен од коронавирусите. Сепак, можеме да се заштитиме себеси, а најефикасна заштита е вакцината за време на сезоната на грип, рече Аншобер.

Минатата сезона од грип во Австрија починале повеќе од 1.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот