Во Австралија уште 279 нови случаи на Ковид-19, од нив 273 во Викторија

Во моментов има 67 лица во болница од кои 17 пациенти се на респиратори. 

Во последните 24 часа во Австралија се потврдени 279 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 273 во државата Викторија, објави „Гардијан”.

Меѓу новите пациенти, петмина живеат во Нов Јужен Велс, а двајца од нив се ставени во карантин во хотел. Локално пренесување на вирусот е забележано во три случаи.

Во Австралија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле над 9.700 луѓе, повеќе од 100 починале, а околу 7.700 оздравеле.

Во моментов има 67 лица во болница од кои 17 пациенти се на респиратори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот