Во Австралија не можеше да остане, дали Ѓоковиќ може да игра на „Ролан Гарос“ во Париз?

Новак Ѓоковиќ не би требало да има проблеми да учествува годинава на „Ролан Гарос“/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Властите во Франција веќе го подготвуваат планот за организирање на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз кој ќе се одржи во периодот од 16 мај до 5 јуни 2022 година.

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денеска дефинитивно мораше да ја напушти Австралија, бидејќи жалбата не му беше прифатена и не ја доби можноста да ја брани титулата на „Австралија опен“ во Мелбурн.

Српскиот тениски ас кој призна дека не е вакциниран против ковид-19, би можел да се соочи со слични тешкотии на следните Грен слем турнири.

Првиот е „Ролан Гарос“ каде титулата би ја бранел исто така Ѓоковиќ, а француските власти веќе извесно време го разработуваат планот и организацијата на турнирот во услови на пандемија.

Според зборовите на претседателот на Тениската федерација на Франција, Жил Моретон, Ѓоковиќ не би требало да има никакви проблеми, бидејќи властите ја разгледуваат можноста за учество на невакцинирани играчи, но со одредени услови за престој во земјата.

– Нашите тимови работат заедно со властите, кои во догледно време ќе ги регулираат правилата за влез на невакцинирани играчи. Новак е голем шампион и можеме да го замислиме неговото разочарување што не може да ја одбрани титулата во Австралија – вели Моретон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот