Во Австралија горат над 100 пожари, огнот опустоши илјадници хектари земја (ВИДЕО)

Силните ветрови распламтија повеќе од 100 пожари во две австралиски држави, а огнот во некои области опустоши илјадници хектари земја, соопштија официјалните лице.

Силниот ветер ги одложи и летовите во Сиднеј, најпрометниот австралиски аеродром, каде една писта беше затворена три часа, пренесува АП.

Пожарите почнаа порано од вообичаеното во државите во Квинсленд и Нов Јужен Велс, наведуваат противпожаните служби.

– Оваа рана сезона е без преседан – изјави Нил Галант, заменик комесар за пожари во Квинсленд.

Бирото за метеорологија предупредни на штетните ветрови, чија брзина се движи од околу 90 километри на час.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот