Во Авганистан ликвидиран талибанскиот „гувернер од сенка“

Талибанците напредуваат кон Кабул. / Фото: Архива на Слободен печат

Ликвидирани се 20 талибанци, вклучувајќи го и Мула Халим, талибанскиот „гувернер од сенка” во областа Карух, како и двајца други команданти, соопшти Министерството за одбрана на Твитер

Талибанскиот „гувернер од сенка” во ослободената област Карух, на западот од Авганистан, е убиен од владините вооружени сили, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Западните агенции, повикувајќи се на локалните медиуми, претходно известија дека авганистанските власти воведоа ноќен полициски час во 31 од вкупно 34 провинции во земјата.

„Ликвидирани се 20 талибанци, вклучувајќи го и Мула Халим, талибанскиот „гувернер од сенка” во областа Карух, како и двајца други команданти. Уште 50 лица се повредени во борбите”, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана објавено на Твитер.

Телевизијата „Толо њуз”, повикувајќи се на авганистанското Министерство за внатрешни работи, јави дека авганистанските власти вовеле ноќен полициски час во 31 провинција со цел да го спречат движењето на талибанците. Се посочува дека забраната за движење трае од 22  до 4 часот наутро, а ограничувањето не се однесува само на три провинции – Кабул, Панџшер и Нангархар.

Претходно, претставникот на авганистанското Министерство за одбрана, Фавад Аман, информира дека владините сили го ослободиле подрачјето Карух, во провинцијата Херат, на западот од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот