Во аулата на Правен, Тупанчески како професор за случајот со колегата Рашковски: Само правосилна пресуда е критериум за осуда

Рашковски дојде на Правниот факултет за првиот академски час / Фото: скриншот

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска се појави на првиот академски час на неговиот матичен Правен факултет, што предизвика многу коментари во јавноста.

Запрашан за случајот со Рашковски, кој исто како и министерот, е универзитетски професор и доаѓа токму од Правниот факултет, Тупанчески пред стотици бруцоши, идни правници, подучи за концептот на претпоставката на невиност.

-Станува збор за мои колеги кои, во различен временски период, биле составен дел од извршната власт. Факт е дека треба да се има достоинствен пристап спрема секого. Единствен критериум за осуда, каква било, е по правосилна судска пресуда. Тогаш би можеле да коментираме за состојбите затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност – одговори министерот за правда Никола Тупанчески на новинарско прашање по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет.

Денеска се оддржа првиот академски час, кој по две години онлајн настава поради пандемијата со коронавирусот, сега беше со физичко присуство.

Видео на денот