Во Атина уапсен поранешен градоначалник на Букурешт

Грчко полициско возило / Фото: МИА

Во атинска населба, вчера бил уапсен странски државјанин, кој се барал со европска потерница од романските власти, а според грчките медиуми, станува збор за поранешниот градоначалник на Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека 71-годишен странски државјанин бил уапсен поради европската потерница и се товари за поткуп, формирање организирана криминална група, корупција и перење пари.

Грчките медиуми објавија дека станува збор за Сорин Опреску кој во периодот од 2008 до 2015 бил градоначалник на Букурешт.

„Катимерини“ објави дека минатиот петок судот во Букурешт го осудил Опреску на затворска казна од десет години и осум месеци, а полицајците не го пронашле во неговиот дом, по што била издадена потерница.

Според истите информации, се чини дека оранешниот градоначалник, веројатно ја напуштил Романија две седмици пред судењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот