Во Атина спречен инцидент меѓу навивачи, уапсени 87 луѓе, од нив 62 малолетници

Грчка полиција / Фото EPA-EFE/ALEXANDER BELTES

Во атинска населба, грчката полиција вчера уапсила 87 лица, од кои 62 малолетни, со што спречила инцидент меѓу навивачи во пресрет на натпревар на локални тимови.

Уапсените, како што соопштија од полицијата, биле во две групи, во близина на стадионот, а кај нив биле пронајдени парчиња дрво, железо, дрога, пиротехнички материјали итн.

Подоцна било констатирано дека станува збор за навивачи на два различни тима, односно на двете екипи што синоќа играле на локалниот стадион.

-Грчката полиција, во рамките на справувањето со насилството со спортска позадина, ќе продолжи да врши проверки со цел спречување и сузбивање на ваквите појави, соопштија од полицијата.

Уапсените за товарат за формирање и учество во криминална организација, за прекршување на законите за спорт, оружје, пиротехнички материјали, дрога и нарушување на јавниот мир, а денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот