Во Атина поставен споменик на Александар Велики (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во Центарот на Атина поставен е споменик на древниот крал Александар Велики, информираат грчките медиуми.

Ова е втора статуа на Александар Велики во Грција, покрај онаа поставена во Солун во близина на Белата кула.

Станува збор за споменик кој е дело на истакнатиот грчки скулптор Jaнис Папас (1913-2005).

Одлуката да се постави споменик на еден од најголемите војсководци во историјата го донесе градскиот совет на Атина.

Трошокот за поставување на споменикот на Александар Велики висок 3,5 метри бил подмирен од семејството на уметникот.

Александар Велики умрел во 323 пред новата ера, откако македонското царство го проширил до Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот