Во Англија започната петиција за враќање на навивачите на стадионите

Фото: EPA/PETER POWELL

Англиската фудбалска лига во вторникот започна петиција, чија цел е да ги „натера“ властите во Велика Британија да дозволат враќање на навивачите на стадионите. Ваквата информација ја сподели и актуелниот премиерлигашки шампион, Ливерпул.

Фановите поради и натаму актуелната пандемија на коронавирус немаат дозвола за враќање на стадионите, иако веќе гледаме во некои земји како одреден капацитет од трибините на спортските натпревари е исполнет со гледачи.

Премиер лигата, секогаш возбудлива, една од најинтересните фудбалски лиги светот, а самата атмосфера која ја прават навивачите само ја исполнуваат целосната слика на натпреварите.

И во новата сезона гледаме празни трибини на стадионите во Англија, но денеска повторно се крева, односно се враќа темата за враќање на фановите.

А празни трибини значат и проблеми особено за нисколигашките клубови кои се борат со финансиските проблеми.

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), организаторот на натпреварувањето во Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2, стартуваа во вторникот петиција со цел да ги убедат британските власти да се вратат навивачите на трибините.

Фудбалот е моќна алатка која носи голем број на добри работи како што се вработување за голем број луѓе, но исто така влијае на животот на луѓето и на други начини. Фудбалот е поврзан со страст, емоции, возбуда, посветеност. Присуството на навивачи на трибините носи и добри работи – се вели во пораката на ЕФЛ, меѓу другото.

Клубовите од ЕФЛ ги потсетуваат своите навивачи да се приклучат на потпишувањето на петицијата, а какви резултати ќе има, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот