Во Англија од петок задолжително носење маски во продавниците

Фото: EPA-EFE/STEFANO CAVICCHI

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон најави дека носењето заштитни  маски или други средства за покривање на устата и носот во продавниците и супермаркетите во Англија ќе биде задолжително од петок.

Вработените во тие објекти нема да бидат одговорни да го контролираат спроведувањето на таа мерка туку полицијата.

Според „Скај њуз”, сите оние кои не го почитуваат тоа правило, ќе треба да платат казна до 100 фунти или 50 фунти доколку казната се плати во рок од 14 дена.

Со воведувањето задолжително носење маски, против-епидемиските правила што се применуваат во продавниците во Англија ќе бидат изедначени со оние што веќе се применуваат во возила за јавен превоз, односно на сите јавни места во Шкотска и околу 120 земји, вклучително и Германија, Шпанија, Италија и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот