Во Амстердам градските власти со црева ги ладат улиците

Фото: EPA/ROBIN UTRECHT

Во градот Делин денеска се измерени рекордни 41,7 степени Целзиусови, соопшти Холандскиот кралски метеоролошки институт.

Со денешната измерена температура на воздухот соборен е рекордот од 1944 година.

Тоа се случува само еден ден откако и вчера во Холандија беа измерени рекордни 38,8 степени во местото Гилзе-Ријен. Последниот рекорд во Холандија беше во 1944 година, кога се измерени 38,6 степени.

Градските власти ги прскаат улиците со вода, а на граѓаните им се пропрачува да не излегуваат од дома.

Високи температури денеска се измерени и во другите европски држави.

Во Париз во 13 часот и 36 минути беше соборен рекордот на највисоко измерена температура во сенка со 40,6 Целзиусови степени според Метео-Франс.

Метео-Франс предвидува дека денешната температура ќе достигне до 43 степени во регионот на Париз. Претходниот рекорд беше „стар“ повеќе од 70 години. Од почетокот на мерењата во 1873 година, температурата во Париз само еднаш надминала 40 Целзиусови степени на 28 јули 1947 година (40,4 Целзиусови степени).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот