10 C
Скопје

Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места

Американската економија доби дополнителни 1,4 милиони работни места во август, што е во согласност со очекувањата, јави Си-Ен-Ен.

Податоците за август покажуваат дека заздравувањето на американскиот пазар на труд продолжува да забавува, имајќи предвид дека во јули се отворени 1,7 милиони нови работни места, а во јуни 4,8 милиони, проценува телевизија.

Во извештајот се посочува дека секој поединец што ќе се врати на работа е „мала победа во борбата против невидената криза за вработување предизвикана од пандемијата на Ковид-19″.

Сепак, Америка сè уште има 11,5 милиони работни места помалку отколку во февруари, се додава во текстот.

Стапката на невработеност во САД падна на 8,4 проценти во август, првпат под 10 проценти од март оваа година.

Прочитајте и...  ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Претепаното Ромче од Кочани низ солзи моли да го однесат кај мајка му

 

Поврзани вести

Лондонската полиција уапси маж кој носел секира на улица

Слободен печат

Запленета рекордна количина дрога на хрватско пристаниште: Околу 500 килограми кокаин скриени во контејнер со банани

Слободен печат

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

Остави Коментар