Во Америка пристигнува помош: Полета руски авион со половина тон медицинска опрема

Авионот, организиран од руското Министерство за одбрана, тргна рано утрово од аеродромот недалеку од Москва.

Руски воен транспортен авион денеска се упати кон САД, носејќи тони медицинска опрема и маски за да му помогне на Вашингтон во борбата против коронавирусот, објави руската државна телевизија.

Рускиот претседател, Владимир Путин понуди помош во телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот. Двајцата лидери разговараа за тоа како најдобро да се одговори на епидемијата од коронавирусот, пренесе Ројтерс.

Авионот, организиран од руското Министерство за одбрана, тргна рано утрово од аеродромот недалеку од Москва.

Пратката веројатно ќе биде непопуларна кај некои критичари, кои му укажаа на Трамп да се држи настрана од Путин.

Тие тврдат дека Москва користи ваков вид на помош како геополитичка и пропагандна алатка за да го унапреди своето влијание, што Кремљ го негира, соопшти агенцијата.

-Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош- рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави синоќа Интерфакс.

Претставник на САД во Вашингтон потврди дека пратката е директен резултат на телефонскиот разговор на Трамп и Путин.

Тој рече дека помошта се состои од 60 тони вентилатори, маски, респиратори и друга опрема.

Во САД има скоро 187. 000 заразени од коронавирусот и скоро 3.900 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот