Во Америка годинава имало 24 инциденти со пукање во училишта

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

Масакрот што синоќа се случи во основно училиште во Јувалди, Тексас е еден од 24 такви инциденти во училишта во САД годинава, пишува „Вашингтон Пост“.

Според познавачите, растот на бројот на инциденти со пукање во училиштата се должи на зголемените продажби на оружје, повишените стапки на насилство, пандемијата и последиците од неа.

Се наведува дека во овие стрелби загинале 28 лица, со што 2022 година е трета најлоша од 1999 година.

Зголемениот број инциденти го следи смртоносниот тренд што започна лани веднаш откако училиштата се отворија за физичка настава, по прекинатата настава поради пандемијата.

Во 2021 година имаше 43 чинови на насилство во елементарните училишта, рекорд споредбено со претходните години, иако училиштата не работеа во првите два месеца од годината.

Според статистиката на Вашингтон пост, од 1999 година, по трагичното пукање во средното училиште Колумбајн, околу 311.000 ученици биле изложени на вооружено насилство досега во нивните школски установи.

Според експертите, подемот на стрелби во училиштата се должи на зголемените продажби на оружје, повишените стапки на општо насилство, пандемијата и хаосот од изминатата година.

Пукањето во Јувалди, се случи на само ден откако Федералното биро за истраги (ФБИ) објави извештај за зголемениот број на активни стрелачи лани во САД што пораснал нагло, двојно повеќе од претодните две години. Според ФБИ, ситуација на „активен стрелач” е кога едно лице се обидува да убие други лица во населена област.

Лани имало 61 напад со „активни пукачи“, вклучувајќи ги оние во супермаркет во Боулдер, Колорадо, кога загинаа десет луѓе, осумина загинаа во три сауни во Атланта, имаше и четворица мртви во школо во Оксфорд, Мичиген.

Администрацијата на Бајден се обидува, да го регулира или слободно носење и употреба на рачните парчиња оружје запре, но засега безуспешно поради моќното „оружено” лоби во власта и опзицијата. к

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот