Во Алжир уапсен познат новинар за „кршење на интегритетот и територијата на државата“

Фото: МИА

Алжирската полиција го уапси познатиот новинар Калид Драрени, планирајќи да го обвини за „кршење на интегритетот на територијата на државата“, објави организацијата за заштита на правата на новинарите „Репортери без граници“.

Драрени ги следеше протестите во Алжир во текот на минатата година, кои резултираа со оставка на претседателот Абделазиз Бутефлика, а сега се прекинати поради пандемијата со коронавирусот.

Министерството за правда на Алжир не се огласи по повод апсењето на новинарот.

Апсењето на Драрени се случи неколку дена по апсењето на водечкиот лидер на опозицијата Карим Табу.

Властите, исто така, уапсија многу истакнати личности, меѓу кои бизнисмени, функционери и поранешни раководители поврзани со Бутефлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот