Во Албанија запленети 45,5 килограми хероин сокриен во камион со хром

Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

 Во најголемото албанско пристаниште, Драч, во камион натоварен со хром, синоќа, откриени и запленети се 45,5 килограми хероин.

-Постојаната оперативна група која работи во пристаништето Драч, врз основа на добиени информации, врши детална контрола врз моторните возила на излез и влез во пристаништето. При контрола на излез во втора линија, во товарно возило тип „сканија”, поточно во кабината на камионот, пронајдени се скриени 43 пакувања со хероин, со вкупна тежина од 45,5 килограми, се наведува во полициското соопштение.

Според полицијата, постојат основи на сомненија дека дрогата требало да заврши на италијанскиот нарко пазар.

Упсени се сопственикот на возилото, кој е од Драч, како и возачот, од градот Фиер. И двајцата негирале дека имаат било каква поврзаност со дополнителниот товар во камионот.

Во Драч на 18 јуни беа запленети 324 килограми кокаин, во камион натоверен со железо, со крајна дестинација Италија, со кој управувал Н.А. македонски државјанин

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот