7 C
Скопје

Во Албанија загрижувачки раст на младите меѓу новозаразените со ковид-19

Албанија регистрира уште еден неделен црн биланс во однос на починати и новозаразени лица од Ковид-19 откако Министерството за здравство соопшти дека изминатата седмица починале 143 лица, меѓу кои и 22-годишна студентка од Ерсек, без други коморбилитети.

Во меѓувреме, според лекарите од Инфективната клиника, се забележува уште еден многу вознемирувачки феномен, а тоа е дека меѓу заразените се поголем е процентот на млади.

-Непочитувањето на анти-ковид мерките, како и занемарувањето на симптомите во првите денови од инфекцијата ги загрозува животите на младите. Загрижува појавата што младите го занемаруваат ризикот што им се заканува и се јавуваат во болница во последната фаза на болеста, изјави за Ора њуз, инфектологот Петрит Ѓорѓи од Инфективната клиника.

Прочитајте и...  EK повеќе нема да купува вакцини од „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, туку само вакцини врз основа на информациона РНК

Додава дека агресивноста на вирусот не се намалува, што како „последица е високиот процент на починати” и апелира на строго почтување мерката за носење заштитна маска и одржување дистанца.

Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на вакцинација со која до сега се опфатени над 20 илјади здравствени работници и лица постари од 80 години.

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар