Во Албанија за еден ден 782 новозаразени и 13 починати од Ковид-19

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Новозразени 782 лица, починати 13 и оздравени 572 е биланост од епидемолошката состојба во последното деноноќие во Албанија.

Во изминатите 24 часа направени се 2.256 тестирања, а вирусот е дијагностициран кај 782 лица, што е околу 37 отсто од тестраните. И покрај сите напори на здравствениот персонал битката ја загубија 13 лица сите во болнички услови. За среќа, оздравени се 572 лица, информраше минстертвото за здавство и социјална заштита.

Во четирите ковид болници хопсталзирани се 480 паценти, од нив 33 се на нтензвна терапја, додека 14 се интубирани.

Според Министертвото за здравство од почетокот на пандемијата до сега направени се 197.062  тестови, позитивни на висусот биле 40.501,оздравеле 20.484, додека почнале 852 лица.

Во меѓувреме продолжуваат критиките на адреса на Владата и Министертвото за несоодветно справување со пандемијата.

По вчерашните барања на експерти од јавното здравство да се зголеми бројот на тестовите и проширување на ограничувачките мерки, попладнево поранешниот министер за здравство Петрит Васили обвини дека „мерките против Ковид-19 се превземаат на слепо”.

Тој додаде дека зголемувањето на бројот на смрттните случаи е алармантнен.

– Прашањето за починатите не може да се премине со политички изјави. Треба да се види начинот на примена на протоколите. Зголемувањето на смртните случаи за повеќе од 60 проценти е многу сериозно и бара детална анализа бидејќи станува збор за човечки животи. Тоа е многу сериозна ситуација на целата територија и ова бара итно дејствување. Мерките против Ковид-19 се преземаат на слепо, рече Васили.

Тој додаде дека тоа е затоа што не се прават доволно тестови и нагласи дека во ситуацијата во која е земјата треба да се прават од 5.000 до 6.000 тестови на ден.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот