Во Албанија вакцинирани речиси 58 отсто од планираните 2,2 милиони, бројот на заразени расте

Албанија коронавирус
Маж со заштитна маска во близина на Инфективната клиника во Тирана, Албанија / Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Во Албанија, од 11 ноември минатата годна, кога почна процесот на вакцинација, до денеска вакцинирани се 1.270.057 лица што е 57,7 отсто од планираните 2,2 милиони. 

Информацијата на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама по пристигнувањето на новата пратка од 45.630 вакцини на компанијата Фајзер. 

-На аеродромот „Мајка Тереза”, пристигнаа 45.630 дози вакцина „Фајзер” со што бројот на вакцини во Албанија достигна на над 1,8 милиони. Досега вакцинирани се 1.270.057 граѓани, но опфатеноста треба да расте. Ги повикувам граѓаните кои се уште не се вакцинирани да ги искористат преостанатите денови од август за да се вакцинираат против Ковид-19. Вакцината спасува живот. Албанија се насмевнува,   напиша Рама. 

Албанија, според националната стратегија, планира до средината на идната година да вакцинира со две дози 2,2 милони лица за што ќе набави над 4,4 милиони дози. 

Во меѓувреме епидемиолошката состојба во земјата се влошува. Просечно дневно се регистрираат по над 120 нови случаи, повеќето од нив со делта сојот. 

Ако месец јули бше заокружен со 425 активни случаи сега тој број е над 1.200 од нив 35 отсто во Тирана. Расте и бројот на хоспитализирани лица во Инфективната клиника во Тирана, каде се лекуваат над 40 лица а по еден подолг период има и починати ковид пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот