Во Албанија утре почнува новата учебна година

epa08283731 A man walks near a chained gate of a school in Tirana, Albania, 10 March 2020. Albanian authorities have secured the infection section and closed every social activities in the country until 03 April to avoid people gathering in public places. Albania so far had an increase of Coronavirus SARS CoV 2 infected persons from two to ten cases. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Во Албанија утре почнува новата 2020/2021 учебна година, според посебни протоколи поради пандемијата со Ковид-19.

На ученичка клупа треба да седнат 430.000 основци и средношколци, од нив над 31.000 првачиња. Сите задолжително треба да носат заштитна маска, да вршат дезинфекција на рацете и обувките и да одржуваат физичка дистанца.

Во секое училиште ќе има по еден здравствен работник,кој при влезот во училштето ќе им мери температура на учениците.

До сите училишта Министерството за образование, спорт и млади веќе доставило формулари, што „под лична одговорност” секој ученик треба да го пополни со податоци дека не е заразен ниту имаат некој заразен член во семејство. Истото треба да го сторат и нивните родители.

Во Албанија наставата ќе се одвива комбинирано, една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта ќе се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час ќе трае 30 минути, а во училница ќе има до 20 ученици.

Поради пандемијата училиштата беа затворени на почетокот на март а на почетокот на јуни беа отворени единствено за учениците од завршните класови на средните учлишта, заради полагање на матурскиот испит.

Од 31 август до 11 септември во 600 основни училишта беше одржана дополнителна настава за над 5.400 основци, кои не биле во можност да следат онлајн настава.

Беа опфатени главно децата од ромска и египќанската етничка заедница, оние од поддалечените рурални области, како и од семејства со значителни економски и социјални проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот