Во Албанија шест општини се без градоначалници

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

 По разрешувањето  од функцијата, што се очекува да го соопшти  Централната изборна комисија, ЦИК, за прикривање на изречена казна во образецот за декриминализација од страна на градоначалникот на Малакастра, Ќерим Исмаилај, во Албанија шест општини остануваат без градоначалник. 

Освен за неточни податоци во образецот, за што обвини опозициската Демократска партија, дел од општините без градоначалници се од други причини. 

Валдрин Пјетри, кој беше избран за градоначалник на Скадар не ни седна во градоначалничката фотелја. Се откажа од мандатот по обелоденувањето дека бил казнуван во Италија за шверц на дрога, соопштувајќи дека сака како обичен граѓанин да ја докаже својата невиност. 

Поради истата прчина и градоначалникот на Вора, Агим Кајмаку, беше разрешен од функцијата откако се потврди дека го фалсификувал образецот за декриминализација. Тој прикрил дека бил апсен и бил под истрага во Грција за кривично дело употреба на фалсификувани пари, како и за прикривање на лажен идентитет (Јорго Тото), што го користел во Грција.  

Градоначалнкот на Вау те Дејес, Марк Бабани во периодот 2002/2003 бил уапсен и осуден во Северна Македонија, додека претходно во периодот 1994-1999 година бил осуден во Италија и протеран а користел и три различни идентитети.  

Градоначалничката на Драч Валбона Сако се повлече по направениот гаф по катастрофалниот земјотрес во ноевмри 2019 година, кога изјави дека добро е што има толку загинати зашто можело и повеќе.  

 Пешкопеја е без градоначалник откако Дионис Имерај се откажа од функцијата за да се кандидира за пратеник на зборте на 25 апрл, додека општина Рогожина од февруари минатата година е без градоначалник по ненадејната смрт на Хаџи Мола.  

 Африм Красниќи, директор на Институтот за политички студии, во изјава за Топ чанел објаснува кој е механизамот за деблокирање на оваа ситуација. 

 -Механизмот е легален, тој е предвиден со закон. Веднаш штом ќе се ослободи испразнетото место, министерот за внатрешни работи ќе мора да ја извести ЦИК а таа шефот на државата и веднаш претседателот да издаде уредба и по 45 дена да имаме предвремени избори, што се правеше во минато, кога сме мале дури 30 случаи со градоначалници, кога постоеја  360 општини, вели тој. 

Под нормални околности, додава ова ќе беше решено на маса, но поради нефункционирањето на Уставниот суд и сега барањето на парламентарното мнозинство за разрешување на Илир Мета, кое е пред овој суд, најверојатно во септември или октомври ќе бидат распишани нови избори во овие 6 општини. 

Сите градоначалници  се од редовите на Социјалистичката партија избрани на локалните избори одржани на 30 јуни 2019 година.

Видео на денот