Во Албанија се зголемува бројот на лица на кои им е потребно болничко лекување

Ковид амбуланта во Албанија. / Фото: МИА

Продолжува високата бројка на новозаразени во Албанија, појава присутна овој месец, кога е зголемен и бројот на дневно направените тестови.

-Во изминатите 24 часа од направените 1.289 тестови, позитивен резултат е добиен кај 273 од нив што е 21 отсто од тестираните. Најголемиот број од новодијагностицираните се од Тирана или 192,каде се и половина од активните болни, односно 3.176 вкупно 6.325 болни, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 44 лица или вкупно 10.001, а ја изгубиле пет пациенти или вкупно 448.

Се зголемува и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 259 пациенти, од нив 20 се на интензивна терапија додека тројца се интубирани.

На територијата на земјата зголемен е бројот на се епидемиолошките екипи во откривање на нови случаи а од вчера од кога маската е задолжителна и на отворен простор засилени се и полициските контроли. Вчера и денес до пладне, според полицијата, изречени се околу 600 казни за неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот