Во Албанија се полни и третата ковид болница

Ковид амбуланта во Албанија. / Фото: МИА

Почна да се полни со пациенти и третата ковид болница во Албанија во која синоќа беа хоспиталзирани првите десеттина паценти, чиј број денеска е најмалку двапати повисок.

Според Министерството за здравство и социјална заштита во последното деноноќие, бројот на новозразени бележи благ пад споредно со вчера, но затоа забележан е негативен рекорд во однос на хоспитализирани лица во трите ковид болници, каде се третираат 319 пациенти.

-Од направените 1.260 тестови (274 помалку од вчера) коронавирус е дијагностициран кај 241 лице што е 19 отсто од тестираните. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 92 или 11.189 од вкупно заразените 20.875 . За жал починаа седум пациенти од 34 до 81 -годишна возраст, со што вкупниот број на починати се зголеми на 509, информираа од Министерството.

Освен апелот за строго почитување на мерките за заштита, од Министертвото ги замолуват граѓаните да не се лекуваат на своја рака туку навреме да се јавуваат кај матични лекари, со цел нивно хоспитализирање пред да биде предоцна.

Од почетокот на пандемјата направени се 125.220 тестови, позитивни биле 20.220, а активни на болеста се 9.177.

Еугена Томини од Инститтот за јавно здравје за медумите рече дека подготвена е четвртата ковид болница, а се подготвуваат и ковид центри во пет регонални болници во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот