Во Албанија рекорднa бројкa на новозаразени со Ковид-19

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Поради постојаниот раст на новозаболени Министертвото за здравство најави отворање и на болницата Ковид 3.

Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид-19, оздравени, но и на починати лица.

Во последното деноноќие регистрирани се 139 позитивни на Ковид-19 што е најголема бројка на новозаразени во едно деноноќие, од појавата на пандемијата. Албанската метропола продолжува да биде главно жариште на болеста,од каде се дури 60 отсто или 81 од новозаразените.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 69 лица а починале шест пациенти.

Во Албанија,со последните 561, до сега направени се 43.764 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.889, битката со опасниот вирус ја добиле 3.123 а ја изгубиле 182 лица.

Активни на болеста се 2.589 од нив 1.451 се во Тирана, 302 во Драч и 230 во Скадар.

Во Инфективната клиника и болницата „ Шефќет Ндроќи” позната како болница Ковид 2, се третираат 110 пациенти од кои 27 во тешка здравствена состојба.

Поради постојаниот раст на новозаболени Министертвото за здравство најави отворање и на болницата Ковид 3.

Во меѓувреме опозицијата ја обвини владата дека не само што не прави поголем број тестови,кои се неопходни, туку ги затскрива реалните бројки на заразени.

-Не се прават потребниот број тестови, нема транспарентност во врска со коронавирусот, нема никакви информации за потеклото на тестовите. Веќе сме на работ на целосен колапс на здравствениот систем. Во болницата Шефќет Ндроќи има повеќе заразени отколку што се објавува. Сето ова води кон целосен неуспех на албанските институции,обвини Барди Спахиа, изнесувајќи го ставот на обединетата албанска опозиција.

Тој додаде дека Албанија има многу помалку направен тестови споредено со земји кои имаат многу помал број жители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот