7 C
Скопје

Во Албанија продолжува трендот на раст на новозаразени од Ковид -19

Продолжува растечкиот тренд на новозаразени случаи од Ковид-19, кој во Албанија е присутен по новогодишните и божиќните празници.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатото деноноќие коронавирус е дијагностициран кај 786 лица од направени 3.513 тестови, што е над 22 отсто од тестираните.

– Во изминатите 24 часа починаа седум лица, сите во болнички услови, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.310 лица. Добра вест е што во списокот на оздравени се впишани нови 489 или 43.384 од вкупно заразените 71.441, додека активни на болеста се 26.747, информираше Министертвото.

Се додава дека во четирите ковид-болници се третираат 271 пациент, 19 на интензивна терапија, од кои четворица интубирани.

Прочитајте и...  Скопјанецот Трајче Таневски сведочи за борбата со ковидот: Пожртвуваните лекари и сестри од ГОБ „8 Септември“ ни ги спасија животите

Официјалната статистика потврдува дека досега се направени 331.287 тестови, при што процентот на позитивност е околу 23 отсто.

Наспроти официјалната статистика на Министертвото, за состојбата заклучно со 31 декември 2020 година, до кога имаше околу 60.000 заразени, Албанската академија на науките деновиве во објавената студија тврди дека реалната бројка е над 600.000 заразени, со што се согласуваат и познати епидемиолози.

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар