Во Албанија продадени над 11,7 тони сладолед со етилен оксид

Албанската национална агенција за храна информираше дека на албанскиот пазар се продадени 11,747 килограми сладолед, со канцерогена содржина.

-По извршените контроли на албанскиот пазар, агенцијата за храна пресмета дека количина од 16,1 тони сладолед штетни за здравјето е дистрибуирана на пазарите во земјата. Од нив продадени се 11,747 тони. Околу 20 тони се уште беа во магацините на субјектите увознички и беа уништени, информираа од Агенцијата.

Се додава дека е откриен етилен оксид во увезениот сладолед „Баунти”, „Сникерс” и „Твикс” неколку недели откако овие производи беа повлечени од продажба во земјите на Европската унија.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните доколку забележат продажба на сладолед од споменатиот универзален сладолед тоа да го пријават.

извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот