Во Албанија пристигна нова пратка со вакцините на „Фајзер“: До сега во земјата се вакцинирани 260.000 луѓе

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу соопшти дека Албанија денеска доби нова пратка од 7.020 дози вакцини од Фајзер, а набрзо се очекува друга пратка со поголем број вакцини.

-Уште 7.020 дози на „Фајзер“ штотуку пристигнаа во Албанија; други дози на „Фајзер“, „Астра-Зенека“, „Синовак“ и „Спутник“ ќе продолжат да пристигнуваат и нема да застанеме ниту еден ден, до крајот. Она што се чинеше невозможно до пред само два месеци, се случува пред нашите очи секој ден! Албанците масовно се вакцинираат, а Албанија излегува од долгиот тунел на пандемијата, да се врати во живот со сите сили и да ја зголеми својата економија почнувајќи од туристичката сезона проследена со најголемиот пакет во историјата на инвестиции, домашни, приватни, но и јавни.  Најдоброто е пред нас, заедно ќе ја направиме Албанија нашата иднина, напиша министерката на Фејсбук.

Предходно, денес таа заедно со премиерот Еди Рама одблиску го следеше процесот на имунизација против ковид-19 на постари лица во градот Елбасан.

-Процесот на вакцинација ќе продолжи со планираната динамика, откако имавме мало забавување поради 48-часовната блокада на аеродромот поради штрајкот на контролорите. Досега се вакцинирани над 185 илјади постари лица или вкупно повеќе од 260.000, здравствени и просветни работници, вработени во градинки, новинари, полициски службеници, припадници на армијата и на Националната гарда, рече Манастирлиу.

Поради стабилната епидемиолошка состојба врз основа на вчерашната одлука на Комитетот на експерти за справување со пандемијата од вечерва полицискиот час почнува во 22:00 часот наместо во 20:00 и трае, како до сега, до шест часот. Од денес исто така почнаа летовите кон и од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот